
Реал Овиедо се врати во шпанската фудбалска лига по пауза 24 години, откако го победи Мирандес во реваншот од финалето на плејофот.
Реал Овиедо победи со 3-1 дома по продолженија против Мирандес, откако го загуби првиот натпревар со 0-1.
Леванте и Елче претходно веќе обезбедија промоција во првата лига.
Овиедо испадна од Ла Лига во 2001 година по 13 последователни сезони, а потоа се движеше меѓу втората, третата и четвртата лига.
За Овиедо, чиј тренер е Србинот Вељко Пауновиќ, кој во минатото настапуваше за клубот, настапува 40-годишниот Санти Казорла, кој го освои Светското првенство со Шпанија во 2010 година