
Ерлинг Халанд постигна два гола за Манчестер сити во победата против Евертон со 2:0 во натпревар од 8. коло на Премиер лигата. Норвежанецот погоди во 58. и 63. минута.
За Халанд ова е 11-ти натпревар по ред во сите натпреварувања, на кои барем по еднаш ја тресе противничката мрежа, вклучувајќи ги и натпреварите за норвешката репрезентација.
Манчестер сити моментално е втор на табелата со 16 бода, зад лидерот Арсенал (16) и Ливерпул (15), но неговите ривали имаат натпревар помалку.
Евертон (11) падна на деветтото место на табелата.