Skip to main content

Гвардиола дефинитивно ја одбил понудата да биде италијански селектор

Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола (55) ја отфрли понудата да биде нов селектор на четирикратниот светски првак Италија, јавија денеска италијанските медиуми.


Според истите извори, Гвардиола за својата одлука со писмо го известил новиот технички директор на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Паоло Малдини.
Поранешниот трофеен тренер на Манчестер Сити, Баерн и Барселона, наводно, по неколкудневно размислување, сепак, одлучил да не ја прифати понудата.


Телевизијата „Скај Италија“ јави дека неговата одлука на Гвардиола е резултат на лични причини што одат подалеку од фудбалот.
Во визијата на ФИГЦ, Гвардиола требаше да биде централна фигура на новиот проект кој има за цел да го врати италијанскиот фудбал на цврсти темели.


Италија има четири светски титули, но не успеа да се пласира на двата последни мундијалски турнири.
По одлуката на Гвардиола, како алтернативни кандидати за селекторската должност остануваат Роберто Манчини и Андреа Пирло. 

Поврзани вести