Skip to main content

ФК Шкупи: Дресот со бројот „77“ кој Андреј Лазаров го носеше во клубот ќе биде повлечен и договорот во целост ќе биде исплатен на неговото семејство

фото: Спортски.мк

ФК Шкупи информираа дека дресот со бројот „77“ кој Андреј Лазаров го носеше во клубот ќе биде повлечен, но исто така и договорот во целост ќе биде исплатен на неговото семејство.

Лазаров беше една од жртвите во трагедијата во Кочани каде што го загуби животот додека помагаше на останатите присутни, а клубот од Чаир на овој начин сака да изрази посебна почит и благодарност за неговиот придонес.

Андреј успеал да се спаси, но се вратил во огнот за да помогне да се спасат и други.

На денешниот тренинг, играчите не тренираа. Тие седеле во тишина – некои се молеа, некои го гледаа дресот, а други едноставно гледаа во празно. Во соблекувалната немаше зборови, но сите мислеа на истото – на Андреј.

Во спортот се учи како да се победи и како да се изгуби, но ваква загуба не се учи – таа се носи во срцето и таму останува засекогаш.

Претходно на ваков потег се одлучи и Тиквеш каде што во минатото настапуваше Лазаров кој го повлече дресот со број „16“.

извор: Спортски.мк

Поврзани вести