
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати честитки денеска до актуелниот шампион Шкендија за успешниот настап во групната фаза во Лигата на конференции (ЛК) и пласманот во нокаут фазата во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Успехот на Шкендија е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната сцена, а воедно претставува и значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во Европа“, објави ФФМ.
Шкендија е првиот македонски клуб во историјата кој обезбеди „европска пролет“ и настапот во ЛК ќе го продолжи на 19 февруари идната година кога на домашен терен ќе го пречека полски Лех Познањ или турски Самсунспор во првиот натпревар од шеснаесетфиналето.
И „Република“ им го честита успехот на тетовчани.

Македонски






