Ѕвездата на Ливерпул и на англиската репреентација, Трент Александер-Арнолд не го известил клубот за неговата желба да се приклучи на Реал Мадрид.
Шпанска „Марка“ вчера објави дека дефанзивецот за ова го известил раководството на англискиот клуб, откако тие повторно се обиделе да го убедат да го продолжи договорот, но според „Ливерпул Ехо“, до денеска немало таков разговор и иднината на играчот останува неизвесна до отворањето на јануарскиот преоден рок.
Александер-Арнолд, од друга страна, секогаш инсистирал на тоа дека нема јавно да зборува за својата иднина од почит кон матичниот клуб. Сепак, тој јасно стави до знаење дека сака да ја доигра оваа сезона до крајот со „црвените“.
Еден ден пред објавувањето на написот на „Марка“, англиски „Телеграф“ објави дека Ливерпул останува смирен за ситуацијата со договорот на Трент, како и за Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.
Трент Александер-Арнолд во тековната сезона во Премиер лигата одигра 16 натпревари и забележа 4 асистенции.