Skip to main content

Дали на Винисиус ќе му бидат доволни 22 милиони евра кои му ги нуди Реал Мадрид?

Реал Мадрид му понуди на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор нов договор вреден 22 милиони евра годишно, објави „ЕСПН“.

Сепак, 26-годишниот Бразилец сака повеќе – околу 30 милиони евра годишно. Тој верува дека ова ќе биде неговиот последен голем договор и е уверен дека заслужува плата соодветна на неговиот придонес во успехот на клубот.

Винисиус е во Реал Мадрид од летото 2018 година. Неговиот тековен договор со мадридскиот клуб важи до летото 2027 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 140 милиони евра.

Во сезоната 2025/26, Бразилецот имаше 53 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 14 асистенции. 

На Светското првенство 2026, Винисиус постигна четири гола и имаше една асистенција на пет натпревари.

Поврзани вести