
Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го коментираше триумфот од 5:4 над Фулам во 14. коло од англиската фудбалска Премиер лига.
– Што да кажам? Ова е можно само во оваа лига. Игравме добро во првото полувреме, иако примивме голови доцна. Второто полувреме го започнавме добро, но откако резултатот беше 5:2, малку забавивме. Сите голови беа исти. Не се браневме доволно добро во шеснаесетникот, се браневме панично. Фулам има фантастичен тим. Освоивме три бода и продолжуваме понатаму. Во фудбалот, понекогаш не можете да ја контролирате ситуацијата, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.
Манчестер сити има 28 бода и е втор на табелата во Премиер лигата. Фулам е 15-ти со 17

Македонски






