Skip to main content

Чурлинов пред денешнит меч: На секој дуел одиме на победа, така ќе биде и против Летонија

Најдобрата фудбалска репрезентација денеска од 18 часот игра пријателски натпревар против Летонија во Скопје. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се слободни односно не играат квалификациски дуел за СП 2026. Дуелот со Летонија е убава можност за воигрување, во пресрет на дуелот со Велс на 18.ноември во вторник.

Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите цели.Македонија оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и против Летонија. Потоа ќе го насочиме нашиот фокус кон квалификацискиот натпревар против Велс кој секако има друга тежина, изјави македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.