
Панче Стојанов, досегашен помошник на Тони Атанасов, е назначен за шеф на стручниот штаб на АП Брера Струмица, откако завчера Атанасов си поднесе оставка по поразот од Вардар, соопштија попладнево од струмичкиот фудбалски прволигаш.
Панче Стојанов (49) е добро познат на фудбалската јавност во земјава. Беше фудбалер во повеќе македонски клубови. Настапувал за Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Стојанов беше и тренер на младинските категории а во 2018 година го предводеше сениорскиот состав кога струмичани за првпат играа во Првата лига.
Од клубот додаваат Панче Стојанов на клупата на Брера како прв тренер ќе дебитира веќе утре во првиот меч од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија против Вардар во Скопје и во завршницата на првенството главна цел ќе е задржување на прволигашкиот статус