Skip to main content
HjbFlnwDkAM

Бразилско лудило во Копа Либертадорес

Во финалето на овогодишниот Копа Либертадорес ќе играат бразилските тимови Фламенго и Палмеирас.

Откако во првото полуфинале Фламенго го елиминираше аргентински Расинг со вкупен резултат 1-0, бразилското финале го комплетираше Палмеирас, триумфирајќи рано утрово на домашен терен над ЛДУ Кито со 4-0 и со тоа ја надомести негативата од 0-3 од првиот натпревар во Еквадор.

Соса (20) и Фукс (45+5) постигнаа голови во првото полувреме, а во продолжението Веига (68, 82-11 м) го комплетираше големиот пресврт на Фламенго.

Ова ќе биде петти пат во последните шест години две бразилски екипи да играат во финалето на јужноамериканската верзија на европската Лига на шампиони, а втор пат Палмеирас и Фламенго ќе се борат за трофејот. Во нивното последно финале, во 2021 година во Монтевидео, победи Палмеирас со 2-1. И двете екипи досега имаат по три титули во Копа Либертадорес. Палмеирас беше јужноамерикански шампион во 1999, 2020 и 2021 година, а Фламенго во 1981, 2019 и 2022 година.

Финалето е закажано за 29 ноември во Лима

Поврзани вести