Ботафого го победи Атлетико Минеиро со 3:1 во финалето на Копа Либертадорес со што го освои најзначајниот клупски трофеј во Јужна Америка.
Ботафого играше со десет фудбалери од втората минута по исклучувањето на Грегор. Сепак, Луис Енрике, Алекс Телес и Жуниор Сантос погодија за тимот предводен од Артур Хорхе.
За Атлетико Минеиро, предводен од Габриел Милито, Едуард Варгас постигна гол по асистенција на Хулк.
Ботафого за прв пат во својата историја стана шампион на Јужна Америка.