
Екипата на ПСЖ е на одличен пат да дојде до својот прв трофеј во Лигата на шампионите.
Во фиалето на најпрестижното клупско натпреварување во Европа, парижаните по само 20 минути игра, дојдоа до водство од 2:0 против Интер.

Двата гола дојдоа по речиси идентични акции – контра-напад по левата страна, ниско префрлае кон десно и реализција.
Првиот гол дојде во 12 минута, кога стрелец беа Ашраф Хакими, а вториот веќе во 20. минута, кога реализатор беше младиот Десир Дое, кој беше асистент при првиот погодок.
