Skip to main content

Бекам и Невил си купија клуб

Членовите на славната генерација на Манчестер Јунајтед и поранешните репрезентативци на Англија, Дејвид Бекам и Гери Невил, ја предводат новата сопственичка структура на клубот од англиската четврта лига, Салфорд Сити.

Бекам и Невил веќе инвестираа во клубот во 2014 година со поранешните клупски колеги од Манчестер јунајтед – Ники Бат, Рајан Гигс, Пол Сколс и Филип Невил. Четворицата повеќе не се акционери во клубот, а Бекам и Невил, заедно со американскиот бизнисмен Деклан Кели и претседателот на Британската тениска асоцијација, Мервин Дејвис, станаа сопственици на Салфорд Сити.

„Ова е уникатно партнерство со широк спектар на експертиза, а нè поврзува љубовта кон фудбалот. Секако дека фудбалот ќе биде во преден план, но особено е важно во следните четири до пет години да го однесеме клубот на патот кон одржливост“, објави Невил, додека Бекам, кој пораснал во Салфорд, додаде: „Салфорд Сити е самото срце на заедницата таму“. Има богата историја и возбуден сум што сум дел од следното поглавје“.

Кога Бекам и Невил првпат пристигнаа во клубот, Салфорд Сити беше аматерски тим, а оваа сезона тимот заврши осмопласиран во четвртата дивизија и не успеа да се квалификува ранг погоре