
Барселона на домашен терен ја победи Жирона со 2:1 во 9. коло од Шпанското фудбалско првенство.
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри, го отвори резултатот во 13. минута. Во 20. минута, Аксел Витсел од Жирона, изедначи, а Роналд Араухо во третата минута од судиското продолжение и донесе победа на Барселона.
На овој натпревар, тренерот на домаќините, Ханс Флик беше исклучен во 90. минута. Ова исклучување доаѓа пред дуелот на Барселона со најголемиот ривал Реал Мадрид, што е на програмата во следното коло н на 26 октомври.
По триумфот над Жирона, Барселона има 22 бода и е прва на табелата. Реал Мадрид е на второто место со 21 бод, но со натпревар помалку. „Кралевите“ утре играат против Хетафе.
Жирона е 19. на табелата со шест бода.