
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го пофали својот тим по победата од 6:1 над Олимпијакос, вчеравечер во третото коло од Лигата на шампионите.
– Секогаш размислувам позитивно. Сега Барселона е способна да победи во Мадрид. Можеби неколку играчи ќе се вратат во составот до викендот. Ова беше важна победа над Олимпијакос, што ќе ни даде поттик и зголемена самодоверба. Противникот притисна високо, но првиот гол на Фермин ни помогна. Рашфорд играше добро денес. Маркус е секогаш на теренот и не му е лесно да игра како број девет, иако создаде шанси и доби пенал. Исто така е важно што постигнува гол. Дава 100 проценти од она што го очекувам од него, изјави Флик на официјалната веб-страница на УЕФА.
Барселона има шест бода и е на деветтото место на табелата во Лигата на шампионите. Олимпијакос е 32. со еден бод.
Во недела (26 октомври), Барселона ќе игра против Реал Мадрид на гостински терен во натпревар од 10. коло од шпанската фудбалска лига