Skip to main content

Аталанта е хит во ЛШ

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, во заморот на неговите фудбалери ја гледа причината за поразот (2:1) од Аталанта синоќа во Лигата на шампионите.

– Ја контролиравме играта во првото полувреме. Откако го примивме првиот гол, малку ја изгубивме контролата. Играме на секои два дена, и тоа веројатно има влијание. Само сакаме да почнеме да победуваме што е можно побрзо. Се обидовме да играме агресивно, но откако примивме гол и резултатот стана 1:1, динамиката на играта се промени, изјави Мареска за „Би-би-си“.

Аталанта се искачи на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите со 13 бода. 

Челзи е десетти со 10 бода. Челзи ќе биде домаќин на Пафос во следната рунда.

Поврзани вести