Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака ги сумираше впечатоците од натпреварот од 13. коло на Премиер лигата против Вест Хем (5:2).
– Беше многу забавно, постигнавме многу голови и уживавме. Ние сме фит, самоуверени и уживаме во нашиот фудбал. Го подигнавме моментумот, одигравме многу добро на последните три натпревари, не само што резултатите беа добри, туку и начинот на кој игравме. Среќни сме, и ќе го искористиме ова на следниот натпревар, за кој знаеме дека ќе биде голем, изјави Сака на официјалната веб-страница на клубот од Лондон.
Арсенал освои 25 бода и се искачи на 2. место на табелата во Премиер лигата.