
Легендарниот Здравко Чолиќ, по 6 години ќе се врати во Скопје, а овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Пред македонската публика, Здравко Чолиќ премиерно ќе настапи во ваков состав и со концертна вечер во која низата големи хитови од сите фази на неговата кариера, ќе бидат изведени со поддршка од симфонискиот оркестар, во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани, зад кои се потпишува диригентот Федор Вртачник.
Поради форматот на овие концерти, арената „Борис Трајковски“ на 2,3 и 4 јуни ќе биде исполнета исклучиво со места за седење.