
Панчо ќе биде погребан утре. На социјалните мрежи беше објавено дека телото ќе биде изложено во црквата Св Илија во Аеродром. Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, роднините и пријателите ќе може да изразат сочуство од 10-12 часот, а опелото ќе почне во 12 часот.

По долготрајната и тешка битка со последиците од трагедијата во Кочани, во приватната клиника каде што седум месеци се лекуваше, почина Владимир Блажев – Панчо, предводникот на ар ен би дуото ДНК.
Панчо, утрото по несреќата на 16 март, беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, а неговата сестра за медиумите тогаш потврди дека има повреди по лицето и рацете, но дека е вон животна опасност.