
На фестивалот за литература и општа култура „Видик“се одржа концерт на „Симеон Ангеловски квартет“, на која настапија: Симеон Ангеловски, Иван Иванов, Давид Горгиев, Андреј Петровски.
„Симеон Ангеловски квартет“ е музички проект основан во 2023 година. Репертоарот на квартетот се состои од оригинални композиции чиј автор е Симеон Ангеловски. Покрај тоа, бендот изведува и дела од познати светски артисти и композитори, како и адаптации на традиционални теми, специјално приспособени за звучниот идентитет на квартетот. Материјалот под наслов „Промени“ (Changes), претставува музички израз на целото досегашно искуство на басистот и композитор Симеон , т.е. фузија на џез, балкан, афро, соул и ориентални звуци преточени во нова музика. Бендот е составен од џез-музичари чија заедничка идеја и пасија е љубовта кон музиката до сите нејзини убавини и мистерии низ кои, преку овој квартет, заедно патуваат, се забавуваат и создаваат.