
Ако утринава сте прошетале низ Струмица, немало шанси да ја пропуштите промената – градот буквално се разбуди обоен во жолто. Жолтите плакати и огромните церади веќе го најавуваат она што со нетрпение се чека цела година: второто издание на СФЕСТ, кое почнува за точно 8 дена, од 24 до 26 јули, во Градскиот парк, во просторот помеѓу градскиот стадион “Младост” и спортската сала “Парк”
Еден од главните жолти банери веќе стои во центарот на градот, а во позадина симболично се издига споменикот на Гоце Делчев, совршен чувар на струмичката културна револуција што следува.
Комплетната програма: кој сè ќе ја загрее атмосферата
На двете главни музички сцени публиката ќе ужива во неверојатно темпо и разновидни звуци. Еве ја целосната саатница:
26 јули (недела)
Главна бина: Јовче Пандев, Нокаут, Дупер
Космик бина: Boxbo x Sniki, Trap Jester, Sure Shotz
Фестивалот дава простор и за млади и нови таленти преку „Дај шанса” бината, со настапи на Кадар бенд, Круг бенд и dj Васко.
Покрај музиката, посетителите можат да уживаат во богата гастро понуда (Jojo’s, Јади здраво, Палачинките на капетанот) и во базар зона со производи на над 40 креативни бизниси од цела Македонија.

Македонски


