
Почина Матија Дедиќ, синот на Арсен Дедиќ и на Габи Новак. Беше исклучителен хрватски џез пијанист и композитор, роден во 1973 година во Загреб. Познат е по својот виртуозен стил и спој на џезот со елементи на класичната музика и домашни музички традиции.
Матија студирал пијано во Грац. Во текот на својата кариера соработувал со бројни домашни и странски музичари.
Еден од неговите највпечатливи изданија е албумот „Матија го свири Арсен“, каде што ја преработи музиката на својот татко на трогателен и уметнички силен начин.
Тој е добитник на неколку награди, меѓу кои и Порин – најпрестижната хрватска музичка награда.