Skip to main content

Ноќ која беше повеќе од концерт: Јелена Томашевиќ раскажа музичка приказна што ги поврзува срцата на сите генерации

Синоќа во Македонската опера и балет се одржа ексклузивен концерт на една од најпочитуваните музички ѕвезди на Балканот – Јелена Томашевиќ. Со овој настан, таа одбележа 20 години на музичката сцена, прославувајќи две децении посветеност, уметност и искрени емоции што го освојуваат регионот.

Најмногу сакам да пеам во Скопје и Македонија, која е тајната врска не знам, знам само дека сум ви благодарна за љубовта и поддршката која ми ја давате сите овие 20 години кариера. Од срце благодарам што имам за кого имам, рече Јелена на почетокот од концертот и направи вистинска магија.

Салата – преполна до последното место. Публиката – на нозе, од прва до последна песна. Стоечки овации кои не престануваа!

Во интимната и елегантна атмосфера на Македонската опера и балет, Јелена им подари на присутните ноќ која беше повеќе од концерт – беше музичка приказна што ги поврзува срцата на сите генерации. Со нејзиниот извонреден вокал, кој е симбол на сила и нежност, Јелена ги оживеа своите најголеми хитови, како и песни кои оставија длабок печат на музичката сцена.

 

Во изминатите две децении, Јелена Томашевиќ се издвои како музички феномен кој го спојува традиционалното и современото. Нејзиниот глас допира до сите, а нејзините песни се химни на љубовта, вербата и животот. Од незаборавната „Оро“, која го освои целиот континент, до емотивните балади како „Име моје“ и „Да ми је да ми се врати“, секоја песна носи дел од нејзината душа и приказна. 

Поврзани вести