Skip to main content

Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и транс музика, Армин Ван Бурен

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и транс музика, Армин Ван Бурен. Со музичкиот спектакл кој се одржа на Стадионот „Петар Милошевски“, Битола за прв пат во својата историја доби настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.

Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon international booking), а се реализираше со поддржан од Општина Битола и Битолскотo културно лето БИТ ФЕСТ.

Поврзани вести