
Еден од најпрепознатливите и најемотивни македонски интерпретатори, Влатко Миладиноски, на 29 јули ќе одржи голем концерт во магичниот амбиент на Античкиот театар Хераклеја во Битола. Концертот започнува во 21:00 часот, а публиката ќе има ретка можност да ужива во незаборавна вечер исполнета со безвременски македонски песни, силни емоции и врвна музичка продукција.

На сцената, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 врвни музичари, кои ќе изведат авторски композиции и специјално аранжирани македонски песни. Со внимателно подготвена сценска продукција и уникатен амбиент под отворено небо, концертот ветува вистинско музичко доживување.
Покрај богатата музичка програма, организаторите најавуваат и специјални гости од македонската естрада, кои ќе придонесат вечерта да биде уште повозбудлива и исполнета со изненадувања.
Хераклеја повторно ќе биде местото каде што ќе се слави македонската музичка традиција, а публиката ќе има можност да ги слушне најголемите хитови на Влатко Миладиноски, изведени во придружба на голем оркестар, во амбиент што ќе создаде незаборавни моменти.

Билетите се по цена од 700 денари и се достапни преку mktickets.mk и нивната продажна мрежа ширум државата. За информации и резервации јавете се на 077 611 669.
На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, Античкиот театар Хераклеја ќе биде домаќин на концерт што ќе ги обедини љубителите на македонската музика во една вечер исполнета со емоции, врвни интерпретации и автентичен македонски дух. Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од ова уникатно музичко доживување.

Македонски



