
Македонските уметници Хана Корнети, Ѓорѓе Јовановиќ, Ѓорѓи Митревски и театарот „Сенки и облаци“ го направија спотот за новиот сингл на хрватскиот музичар Дарко Рундек „Танц на тенкиот мраз“ (Плес на танком леду). Промоцијата на спотот беше на 24 ноември.
На синглот соработуваат Ана Ковачиќ и Дарко Рундек.
Режијата, монтажата, дизајнот и анимацијата се на Ѓорѓе Јовановиќ, сценариото е на Хана Корнети, глумата и сценографијата на театарот „Сенки и облаци“, продукцијата и камерата на Ѓорѓи Митревски, а уметнички соработник е Санда Хржиќ.
Ова беше креативен процес исполнет со инспирација, уметност и прекрасна енергија. Благодарни сме за довербата, за отвореноста за соработка и за можноста да бидеме дел од неговиот уметнички свет, велат од театарот „Сенки и облаци“.

Македонски








