После долг временски период на македонската музичка сцена со нова песна се враќа Софија Манева или на многумина позната како лидерот на женскиот бенд „К4”.
За новата песна „Момче Македонче”, за која сними и видеоспот, се снимаше во срцето на турската чаршија во Скопје, а покрај Софија во него се појавуваат уште неколкумина статисти.
Како автори на песната се потпишуваат, односно текстописец е таткото на Софија, Перо Манев, додека пак музиката заеднички ја потпишуваат со Тони Соколов – Цока.
После десет години го рестартирав своето студио и одлучив повторно да создавам своја авторска музика. „Момче Македонче” е првата песна со која сакам да го најавам моето враќање на сцена. Инаку морам да споделам дека наредниов период ќе сме доста посветени на создавање нови песни и се надевам дека она што ке го понудиме ќе биде добро и освежување за македонската поп – музика и дека ќе успее да допре до сите вас на различен начин, вели Манева.
Софија со својот тим од соработници работи на новите песни, а до тогаш со својот бенд ќе може да ги слушнете и видите на настапите ширум нашата земја, додека пак за дочекот на најлудата ноќ тие ќе настапат во нашиот главен град, односно прво на денска, па потоа на ноќна забава..