Со изведба на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од Верди, Чилеа, Пучини, Маскањи и Доницети во Националната опера и балет вечерва се одржа традиционалниот концерт „Василица 2025“.
Под диригентската палка на шпанецот Оливер Диаз, врвен диригент и добитник на голем број престижни награди и признанија, настапија сопранот Ирене Палазон, тенорот Хозе Луис Сола заедно со оркестарот на Националната опера и балет.
Со синоќешниот концерт беа одбележани 30 години од првото одржување на концертот по повод празникот Василица којшто првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година.
Освен денеска, традиционалниот концерт по повод Василица ќе се одржи и во понеделник, на 13 јануари.