Skip to main content

Седми по ред традиционален концерт „Засекогаш во срцата”, посветен на Тоше Проески во Битола

Центар за култура Битола во соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола го најавija седмиот по ред традиционален концерт „Засекогаш во срцата”, посветен на незаборавниот македонски пејач и музичка легенда, Тоше Проески.

Оваа година, концертот ќе биде посветен само на делата на Тоше Проески. Концертот ќе се одржи на 22 март 2025 година во големата сала на Центар за култура Битола, со почеток во 19 часот.

Тоше Проески, чие музичко патување беше прекинато прерано, остави неизбришлив траг во срцата на многумина низ Балканот и пошироко. Неговата способност да допре до душите на луѓето преку својот глас и емотивни текстови останува незаборавен. Неговите песни, од кои многу се хитови, се одликуваат со голема емоција.

Ајде заедно да го прославиме животот и делото на нашиот музички херој Тоше Проески.

Поврзани вести