
Убави емоции, насмевки и разиграност сакаме да предизвикаме со „Магија“, нашата нова песна за една љубовна приказна – велат членовите на Бузуки бенд, Трајче Ставревски, бузуки и вокал, Рада Јаневска, вокал и Ристо Лазев, клавијатури.
Песната опишува момент кога едно случајно одење на весела музика во клуб предизвикува лавина од емоции и сеќавања. А нема нешто послатко од летна љубов…
Автор на музиката и аранжманот на „Магија“ е Трајче Ставревски, текстот е на Рада Јаневска. Песната е снимена во студио Анастасија, отсвирена од Дамир Имери, клавијатури, Никола Автовски, бас гитара, Ставре Ставрев, тапани и секако, Трајче Ставревски, бузуки.
Спотот е снимен во Скопје и во Дојран, во продукција на Котовски Ентертаинмент. Младата вљубена двојка ја глумат интернационалниот модел Ивана Караџова и моделот Малик Хасановиќ.
Настапуваме долго време, многу често во сите градови во Македонија, како и во Белград и други градови во Србија – вели Рада Јаневска. Оваа песна е подарок за нашата верна публика која заедно со нас пее, се весели и си поминува прекрасно на нашите настапи. Песната „Магија“ и спотот ќе ги објавиме на српски јазик за една недела.

Македонски








