
Промоцијата на спотот на Илинка Скаловска за нејзината најнова песна „Нова искра“ ќе се одржи денеска со почеток во 17 часот во Едукативно-културниот центар „Лабораториум“.
Илинка Скаловска е реномирана музичарка со богата биографија. Таа има завршено дипломски и постдипломски студии по пеење, хорско диригирање и композиција на престижни музички конзерваториуми во Италија.
Нејзината композиторска дејност вклучува дела како „Охридска песна“ и „Светла душа“, како и музички обработки на народни песни со видео спотови.
Скаловска има настапувано како диригент и солист на бројни музички настани и фестивали, а нејзината работа е наградена со прво место на државен натпревар како диригент на Младинскиот мешан хор – Скопје во 2005 година.