Skip to main content

Промоција на на албумот „Beyond the Silence“ на виолончелистот Антонио Илиоски

Промоција на албумот „Beyond the Silence“ на виолончелистот Антонио Илиоски ќе се одржи вечерва со почеток во 19:00 часот во Аудиокултура.

Антонио Илиоски, како што наведува организаторот, е еден од најталентираните млади виолончелисти во Македонија, чие име сè повеќе се слуша на меѓународната музичка сцена.

Тој студира на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“, каде што работи со реномираниот професор Атанас Крстев.

Албумот „Beyond the Silence“ е негов прв студиски проект и е издание на Баги Комуникации, претставувајќи значаен чекор во неговиот уметнички развој.

Настанот е можност одблизу да се запознаете со уметник со исклучителен потенцијал, кој ја обединува техничката виртуозност со изразена музичка експресивност и јасен личен уметнички став. Тој се наметнува како ново и сериозно име на современата класична сцена во регионот и пошироко, се наведува во соопшението.

Поврзани вести