Skip to main content

Почина сопругот на Доли Партон

Карл Дин, сопруг на кантри пејачката Доли Партон, почина на 83-годишна возраст. Пејачката ја потврди веста на нејзината официјална веб-страница и социјалните мрежи.

Карл и јас поминавме многу прекрасни години заедно. Нема зборови со кои може да се опише љубовта што ја делевме повеќе од 60 години. Ви благодариме за вашите молитви и сочувство“, рече пејачката во изјавата споделена на нејзиниот Инстаграм.

Доли Партон го запознала Дин пред перална во Нешвил, каде што се преселила на 18-годишна возраст.

Две години подоцна, на 30 мај 1966 година тие се венчале на приватна церемонија. Тие отсекогаш го држеле својот брак подалеку од очите на јавноста, поради што многумина често коментирале дека Карл Дин всушност не постои. Во 2008 година, Партон призна дека нејзиниот сопруг служел како инспирација за хит песната Џолин, која ја напишала откако банкарска службеничка флертувала со Дин.

Партон и Дин немаа деца заедно.

Поврзани вести