
Во неговата богата кариера тој сними над 600 песни и настапуваше со најпознатите македонски пејачи како Сариевски, Бадев и Васка Илиева.
Раим Баки беше роден во Скопје, во 1945 година. Во 1964 година започнал да се занимава со чалгиска музика, следејќи го примерот на брат му Хилми Баки, кој бил член на чалгискиот оркестар на Радио Скопје.
Од 1967 до 1969 година, Раим Баки учел кај Живко Фирфов. Како член на чалгискиот оркестар на Радио Скопје, Раим Баки снимил многу песни.