Skip to main content

Почина музичкиот автор и продуцент Тоше Поп-Симонов

Фејсбук профил на Валентино Скендеровски

Денеска на 63-годишна возраст почина познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов.

Поп Симново беше музичар, композитор, инструменталист, продуцент, аранжер, текстописец, еден од најважните луѓе во македонската музика.

Вестта за смртта на на социјалните мрежи ја сподели неговиот колега, продуцентот и автор Валентино Скендеровски.

Поп Симонов во својата плодна кариера соработуваше со бројни македонски, но и регионални изведувачи меѓу кои: Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, Ена Веко, „Фрајле“ и Алка Вуица.

Неговите пријатели се простуваат од него со зборовите:

Човек кој допре, заигра и стопли милиони срца, денеска неговото не издржа. Тоше Поп Симонов ќе живее вечно преку своето дело и поменот кој го остави кај сите кои го познаваа. Нека му е вечна слава!

Погребот ќе се одржи во вторник на 22.04.2025 на градските гробишта во Бутел.

Поврзани вести