
24. издание на ОФФест, ќе се одржи од 5-ти до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар. ОФФест 2025 ја има најсилната програма во последните неколку години и нуди 9 концерти на врвни музички артисти и групи од 8 различни земји и една специјална филмска проекција. Широката музичка лепеза и разноликоста во жанрови, емоции и доживувања на скопската публика ќе ѝ приредат неповторливо искуство и ќе ја зацврстат позицијата на ОФФест како еден од најпознатите европски фестивали за музика на светот.
Програма: