
На 04 април во 20:00 часот во Џебно Кино – МКЦ, ќе одржат концерт Maiah Ttakun, како дел од нивната Балканска концертна промоција на неодамна излезениот албум “Ehortzi ezazue ene bihotza / Erre ezazue ene gorpua”.
Нивната музика е импресивно drone/blues аудио искуство што ги спојува звукот, емоцијата и просторот за прв пат во Скопје.
Организаторите најавуваат вечер за длабоко слушање и целосно препуштање.

Македонски



