
Легендарниот австралиски музичар Ник Кејв најави дека доаѓа во Македонија, а концертот ќе се одржи на 22 август во рамките на „Скопје колинг“.
Ник Кејв ги продолжи датумите на неговата турнеја во 2025 година со неколку нови локации. Музичарот ќе ја посети Македонија во рамките на својата соло турнеја, без бендот „Бед сидс“, а ќе му се придружи само басистот на „Рејдиохед“, Колин Гринвуд.
На репертоарот ќе има песни од обемната дискографија на Кејв, која почна да се создава пред повеќе од 40 години.