Skip to main content

Концерт на Националниот џез оркестар и „Јелоуџекетс“ на 6 ноември во Националната опера и балет

Националниот џез оркестар ќе настапи заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот – Јелоуџекетс. Диригент на концертот ќе биде единствениот Боб Минтцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари.

Концертот ќе се одржи на 6 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет.

Угледното списание 𝐽𝑎𝑧𝑧𝑇𝑖𝑚𝑒𝑠 ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез.“

Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, Yellowjackets се етаблираат како еден од најзначајните и најпочитуваните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени албуми, две престижни Греми награди и безброј распродадени концерти ширум светот, Yellowjackets оставија зад себе музичко наследство што постојано се обновува и инспирира нови генерации музичари и љубители на џезот.

На сцената ќе ги видиме 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀 во нивниот актуелен состав: 𝘙𝘶𝘴𝘴𝘦𝘭𝘭 𝘍𝘦𝘳𝘳𝘢𝘯𝘵𝘦 (клавијатури и пијано), 𝘉𝘰𝘣 𝘔𝘪𝘯𝘵𝘻𝘦𝘳 (саксофон), 𝘋𝘢𝘯𝘦 𝘈𝘭𝘥𝘦𝘳𝘴𝘰𝘯 (бас) и 𝘞𝘪𝘭𝘭 𝘒𝘦𝘯𝘯𝘦𝘥𝘺 (тапани).

Поврзани вести