
На 3 јуни 2025, сцената на МОБ во Скопје ќе блесне со вистинска фолклорна магија!
Во рамките на 1100 годишнината од крунисувањето на кралот Томислав, ќе бидеме домаќини на реномираниот хрватски ансамбл ЛАДО, а специјални гости на настанот ќе бидат македонскиот ансамбл ТАНЕЦ.
Очекувајте вечер исполнета со енергични ора, прекрасни вокални изведби, живописни народни носии и незаборавна атмосфера што ги спојува традициите на двата блиски народа.
Не пропуштајте уникатно културно доживување што ретко се гледа во нашиот град!
Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ ќе се претстави со концерт на народни игри на 3 јуни 2025 година со почеток во 19.30 ч. во Национална опера и балет, Скопје. Гостин на концертот ќе биде македонскиот ансамбл „Танец“.
Во богатата низа на разновидни концерти кои „Ладо“ ги изведува во текот на годината, најбрилијантни се играорните програми во кои може да се види целиот сјај на ансамблот.
-Годинава „Ладо“ подготви програма со која публиката ја води на патување низ различни региони на Република Хрватска и други простори каде живееат Хрвати.
Со темпераментна изведба на народни игри, различни видови на пеење и музички пракси, инструменти, дијалекти и раскошен колорит на народни носии, „Ладо“ ве води низ богатото културно наследство во кое со игри, песни и музика се создава фолклорна уметност со автентичен стил што „Ладо“ го негува и развива веќе 76 години.
Концертот е кофинансиран од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска и со поддршка на македонското Министерство за култура и туризам.