
Програмата за наредните три фестивалски денови на осмото издание на фестивалот на филм и музика ЅИРНИ ќе понуди музички настани и театарска претстава.
Фестивалот трае до 5 октомври на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на SИРНИ (www.dzirnifestival.com). Влезот за филмската и музичката програма е слободен.
Програма за САБОТА, НЕДЕЛА И ПОНЕДЕЛНИК [3-5 Октомври]
САБОТА
Локација Дом на АРМ
12:00 Ѕирни концерт: LELEE, Roza и САМLELEE се прераснати во столб на регионалната инди-сцена — нивниот звук, живописен и разигран, го спојува духот на југословенскиот нов бран од 80-те со слекер-рок сензибилитетот од 90-те и темпераментот на Јадранот, распален како сонце по бура. Со искричави гитари, испреплетени машко-женски вокали иенергични настапи, брзо се вбризгуваат во свеста на алтернативната публика низ регионот. Со заразна „feel good” енергија, нивните песни носат рефрени што остануваат долго откако музиката ќе стивне — украсувајќи го денот како ненадеен зрак светлина.
Lelee, со својата спонтана искреност и колективен ентузијазам, носат радост таму каде што другите носат тежина.
РОЗА гради ново живеалиште на звукот од урнатините на афробит, џез, пост-панк, тропикалија, краутрок, боса нова и синт поп — кинематографски пејзажи, светлечки клавијатури, хипнотичен краутрок пулс и тапани прецизни како отчукување на срце, се распрснуваат во богати визуелни ефекти на сцена.
САМ е хип-хоп артист и продуцент од Тетово, никнат од темелите на тетовската и македонската андерграунд рап сцена уште од 2008 година. Со верна публика што расте со секој стих, не се плаши да талка низ жанровски пејзажи. Перото му е закалено во македонската поетска традиција, стиховите со длабоки корени во македонскиот јазик и глас што е неповторливо негов.
Локација КОТУР
21:00 Музичка селекција Боле
НЕДЕЛА
Локација КОТУР
12:00 Концерт во дворче HOT JAZZ ORKESTAR
20:00 Театарска претстава: КАЗАБАЛКАН режија Дамјан Костовски, сценарио Горан Стефановски
Драмскиот текст Казабалкан претставува вистински предизвик и одговорност да се постави во ова време, не само затоа што станува збор за текст на Горан Стефановски, туку затоа што како главна тема на оваа драма е војната. Претставата Казабалкан зборува за индививуата во време на војна каде љубовта и основниот инстинкт за преживување го мотивираат човекот да поверува во чуда. Дејството во оваа претстава стилски и жанровски се развива од реализам до драма на апсурд, па поради тоа претставата гради специфичен јазик и една надреална димензија на односи помеѓу ликовите. Духовитоста на оваа „трагедија“ ги руши рамките на стандардното гледање и доживување на делото и на брехтовски начин заедно со музиката и едноставноста во сценографијата оваа претстава станува коментар на лицемерното време кое го живееме.
Билетите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни во КОТУР.
ПОНЕДЕЛНИК
Локација Дом на АРМ
19:30 Проекции на филмовите продуцирани од 48 часовниот филмскиот предизвик и доделување на награди
21:00 Музичка селекција Double G Фестивалот ќе се заокружи со проекции пред домот на АРМ на филмовите продуцирани од 48 часовниот филмскиот предизвик, по што ќе се доделат наградите и ќе се прослави сработеното во КОТУР со музичка селекција на Double G

Македонски


