
Зарина Првасевда, со својот величествен, небесен глас ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември 2025 година, во Македонската филхармонија.
На концертот Зарина Првасевда ќе го претстави својот проект насловен „КАДИФЕНО“, а за дополнителната магија на вечерта ќе се погрижат врвни музичари. За прв пат во Скопје пристигнува еден од најголемите мајстори на фретлес-гитарата, турскиот виртуоз Џенк Ердоган, како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, уметници чија маестралност го освојува светот.
На сцената ќе им се придружат и врвните македонски музичари Андреа Мирчевска и Тони Арслан, создавајќи единствено, кадифено и длабоко музичко доживување.
Зарина Првасевда изјави:
Драги мои, во деновите кога годината тивко се затвора зад нас, почувствував силна желба да создадам едно КАДИФЕНО место — меко, топло, свилено по чувство — каде што сите заедно ќе здивнеме, ќе се стоплиме, ќе заокружиме сè што веќе не ни служи, а од убавото ќе понесеме искри за во новата година.
Место каде што музиката ќе ни ги отвори срцата — нежно, искрено, човечки.
Со огромна чест ви најавувам дека ова предновогодишно патување нема да го чекорам сама. На сцената со мене и за прв пат во Македонија ќе бидат волшебниот Џенк Ердоган и маестралниот Ахмет Алан од Турција, како и моите драги соработници, големите Тони Арслан и Андреа Мирческа.
Заедно ќе создадеме концерт поинаков од сè досега — кадифено топол и длабок, полн со онаа тивка магија што само музиката знае да ја донесе.
20 декември, 19:30 часот — Македонска филхармонија.
Место каде што ќе се собереме, ќе слушаме, ќе се насмевнеме и, веројатно — ќе се разнежниме.
Картите од денес се во продажба.
Ви благодарам што постојано ме инспирирате и ми дозволувате да создавам нови светови во кои секогаш одново ќе се среќаваме и ќе се препознаваме.Со љубов ве очекувам да ја споделиме оваа кадифена предновогодишна вечер.
До многу скоро!“*

Македонски








