Skip to main content

Гала концерт на „Танец“ во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“  4 јуни  ќе одржи гала концерт во Штип, со почеток во 19:30 часот, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип.

Преку писмено соопштение од Центарот за култура „Ацо Шопов“ информираат дека публиката ќе има уникатна можност да ужива во извонредна програма која ги слави македонската народна традиција, фолклор и музичко наследство. Со карактеристичната енергија, прецизна изведба и богат сценски израз, „Танец“ ќе ја претстави разноликоста на македонските народни игри и песни кои се дел од нашето културно богатство.

-Овој концерт е дел од програмата за културни настани што го збогатуваат културниот живот на градот Штип, а истовремено претставува и ретка можност за блиска средба со уметноста која со децении наназад го претставува македонскиот идентитет во светот, се вели во соопштението од Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип.

Влезниците се достапни на билетарницата на Центарот за култура “Ацо Шопов“ по цена од 300 денари.

Поврзани вести