Skip to main content
Koнцерт во Македонската филхармонија

Емоциите на Сергеј Четковиќ се универзален јазик

Баладите и морскиот звук никогаш не излегуваат од мода. Црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ со синоќешниот концерт во Македонската филхармонија докажа дека публикатата сака кога некој ги покажува емоциите кои се универзален јазик. Љубовните текстови во кои се пронаоѓат жените, но и посилниот пол се доволни за добар настап.

Публиката во еден глас ги пееше “Долазим“, „Коров, „ Кофер“, „Погледи у тами“, „25 сат“, и по некоја песна од Кемал Монтено и Дино Дворник.

Сергеј, дотеран во црна комбинација се шегуваше на своја сметка дека најмногу проблем му прават панталоните кои постојано ги креваше, но ете такви биле во мода.

Гостинка на концертот беше нашата Елена Ристеска со која заедно ја испеаја „Прстен на сто“. Сергеј знае како со публиката, па во еден момент повика десетина парови да му се придружат на сцена танувајќи на песната „Љубав“.

Поврзани вести