Skip to main content
Над 100.000 луѓе го проследија музичкиот спектакл

Дино Мерлин го разнежни, разигра, а богами и го преполни Штип

Настапот на Дино Мерлин во Штип на традиционалната „Патрмајлијада“, лесно може да се оцени како еден од најголемите музички настани во Македонија годинава.

Возила од Скопје, Неготино, Прилеп, Струмица, Куманово, Крушево, Велес, Битола … практично од цела Македонија, ги преплавија градските улици исполнувајќи го секое слободно местенце за паркинг.

Во исто време, над 100.000 луѓе го преполнија градскиот стадион, каде што беше поставена големата бина, наоѓајќи го своето место од каде што најдобро може да го следат концертот.

Таквиот интерес на публиката беше целосно награден од босанската музичка ѕвезда која имаше спектакуларен аудио-визуелен настап заедно со својот бенд и придружна екипа.

Со своите најголеми хитови, Мерлин знаеше да допре до емоциите на фановите кои зедно со него, во еден глас ги пееја стиховите од своите омилени песни.

Тоа беше вечер исполнета со насмевки, задоволни погледи и позитивни емоции од случувањето коешто долго ќе биде врежано во мислите на тие што беа дел од него.

Поврзани вести