Skip to main content
FcsgaanWM9E

Дина Јашари со нов сингл „Градот“ – интимна ода за Скопје

Принтскрин од видео / Дина Јашари

Кантавторката Дина Јашари го објави својот нов сингл „Градот“, заедно со видео спот, со кој официјално го најавува нејзиниот нов звучен израз.

„Градот“ претставува нова етапа во музичкото патување на Јашари, откривајќи свеж звук кој ја зацврстува нејзината позиција на македонската, но и на пошироката балканска музичка сцена. Песната е интимна посвета на Скопје, што е вешто пренесено преку визуелниот приказ на автентични локации од градот во видеоспотот, чиј автор е младиот видеограф Доан Акити. Дизајнот во видео спотот е дело на Васил Шемко.

„Посветена на сите луѓе и места, присутни и за жал некои од нив отсутни, што му даваат смисла на Градот,“ вели Дина за новата песна.

Во видеото се појавуваат и долгогодишните соработници и членови на нејзиниот бенд – Лука Тошев и Драган Теодосиев.

Текстот и музиката за „Градот“ се дело на самата Дина Јашари, додека во аранжманот и се придружуваат Лука Тошев и Драган Теодосиев, продукцијата е на Дина Јашари и Димитрије Марковиќ, миксот е на Драги Иванов а мастерингот на Roy Recklies.

„Градот“ е достапен на сите дигитални платформи, а нови песни се очекуваат наскоро, носејќи уште повеќе искрени приказни и современи звуци што го рефлектираат растот и визијата на оваа извонредна млада артистка.

Поврзани вести