Skip to main content

Бела Ноќ – Битола 2025: Крајот на август е асоцијација на Широк Сокак во бело

Крајот на август во Битола отсекогаш има своја симболика – Широк Сокак во бело.

На 22 и 23 август, градот повторно ќе го живее традиционалниот спектакл „Бела Ноќ“, дел од јубилејното издание на Битфест. Два дена, една улица и еден дрес-код. Широк Сокак ќе блесне во своето најсветло издание – како сцена за програма што ги спојува генерациите и ја слави македонската музика.

Оваа година, Белата ноќ ѝ припаѓа на нашата музичка сцена – на гласовите и бендовите што ја носат емоцијата на градот и што ја полнат најубавата улица на Балканот со енергија и блискост.

Детална програма

Петок, 22 август – Детски хепенинг во бело Плато Офицерски дом | Почеток 19:00    •   Градинка „Естреја Овадија Мара“    •   Маскоти: Мики, Мина, Спајдермен и Куче    •   Expose Studio – танцов перформанс    •   Бетмен и Спајдермен – „Мисија другарство“    •   Детска театарска претстава – „Едусфера“    •   Мими со југотo    •   Unlimited Coders Academy    •   „Цртање за Битола“ – инклузивен карактер    •   ДЈ Милојевиќ    •   „Ѕвончиња“ – детски хор    •   „Поп Рокет“ – тинејџерски хор    •   Дона & Friends    •   Центар за германски јазик „Илиеви“

Сабота, 23 август – Концертна вечер Плоштад Магнолија | Почеток 21:00    •   DJ Тања    •   Поп Рок Хор „Битвокс“    •   Емоушн бенд    •   Никола Зацески    •   Тамара Стојковска    •   Бојана Скeндеровски & Бенд    •   Александра Јанева & Бенд    •   Виктор Апостоловски Белата ноќ е традиција, симбол на градот и празник што го обединува Битола. Колку ја сакаме македонската музика, ќе провериме овој викенд на Широк Сокак во бело.

Поврзани вести