Skip to main content

Ќерката на Хали Бери негира дека актерката го малтретирала својот син

Ќерката на американската актерка Хали Бери, Нала Обри (18), изјави дека никогаш не ја видела мајка ѝ да се однесува насилно кон никого, а најмалку физички да го малтретира нејзинито брат, Мејс Мартинез (13).

Никогаш не сум видела мајка ми да го удира, дави, зграпчува или на кој било начин физички да го малтретира брат ми“, се наведува во судските документи“.

На 1 октомври, Бери беше обвинета од нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез, кој побара старателство над синот, тврдејќи дека Бери го малтретирала Мејс во инцидент што се случил на 26 септември.

Facebook / Halle Berry

Во изјавата поднесена на 3 октомври до Вишиот суд во Лос Анџелес, Нала навела дека нивната мајка може да биде строга кога е потребно и дека очекува од своите деца да ги почитуваат правилата, но дека е посветен родител.

Таа ги слави нашите успеси, нè поддржува низ предизвиците и секогаш е тука кога ни е потребна. Никогаш не сум се посомневала во нејзината љубов. Таа постојано ми обезбедуваше стабилност, поддршка, насоки и безусловна љубов, изјавила Обри, тврдејќи дека мајка ѝ никогаш не зборувала негативно за Мартинез или за нејзиниот татко, Габриел Обри, ниту пред неа ниту пред Мејс. Тој, исто така го претепа татко ми кога бев дете“, додала Обри.

Земајќи ги предвид сите докази, судот ѝ одобрил дневни посети сè до рочиштето на 16 октомври. Во моментов, Бери може да биде со синот само во понеделник и вторник, од 10 до 20 часот, како и за време на викенд од 10 до 20 часот. 

Поврзани вести