Skip to main content

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ патува во Битола

По магичните вечери во Охрид, Делчево, Штип и Струмица музичкиот караван „Македонијо, во срце те носиме“ пристигнува во градот на конзулите – Битола! Дружбата на која битолската публика ќе ги чуе 14-те нови песни, продолжение на музичката приказна чија мисија е – да ја обоиме Македонија со најубавите бои, со емоцијата на нашата традиција, со гордоста на нашите предци и со надежта на идните поколенија, е закажана во недела (14 септември), со почеток од 20:30 часот на платото пред Офицерскиот дом.

Во недела силно ќе одекнат гласовите на Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев – изведувачите кои со срце ја пеат Македонија!

„Во Охрид, Делчево, Штип и Струмица пеевме со љубов, сега е време тоа да го сториме и во Битола. Време е да ја прославиме македонската песна, македонската душа и да покажеме дека таа живее!“, порачуваат од Скендеровски продукција, организаторите на проектот.

Битолчани подгответе се за вечер полна со емоции, музика и љубов.
Подгответе се да пееме за Македонија – заедно, со срце!

Поврзани вести